www.inteko.mk info@inteko.mk
MAШИНСКА ОПРЕМА СПОРТСКА ОПРЕМА СПОРТСКИ ТЕРЕНИ

ERREA


“Интеко” е компанија, чија главна карактеристика е посветеноста и љубовта кон спортот. Водени од нашиот идеал, да се створи спортска култура во нашата земја и да се развие спортскиот дух меѓу младата популација, развивме мрежа од активности поврзани со спортот.

Соработката со неколку врвни компании, изработувачи на спортска опрема ни дава надеж дека во Р.Македонија ќе прераснеме во една од водечките компании во областа на спортот. 

Повеќе од десет години работиме како застапници на Babolat во Р.Македонија, еден од најпознатите светски произведувачи на тениска опрема, а оваа година, пред македонскиот пазар се претставуваме со нов светски бренд Errea.

Како претставници на “Errea Sport”, чест ни е да ве запознаеме со новата линија на дресови и комплетна опрема за кошарка, одбојка, ракомет и фудбал.

Errea е комбинација на страст, напредна технологија и дизајн. Главната карактеристика на Errea Sport, e квалитетот и трајноста на ткаенината, на што може да се додаде и исклучително оригиналниот дизајн. Errea Sport, е прва компанија која произведува спортска опрема за тимови според Oeko-Tex Standard 100, за употреба на материјали кои не содржат штетни материи.

Заштитниот знак на Errea e присутен на дресовите на битни интернационални клубови и репрезентации како што се Middlesbrough, Crystal Palace, Parma, Atalanta, Genoa, Brighton, Numancia и многу други.
Од неодамна, заштитниот знак на Errea можеме да го забележиме и на дресовите на неколку македонски клубови, Р.К. Металург, Фершпед (одбојка), Форца (одбојка) и К.К Работнички и др..