Во согласност со Законот за зашитита на лични податоци, Интеко Дооел Скопје (во понатамошниот текст „контролорот“) ја објавува оваа Политика на приватност која има за цел да послужи при информирање на посетителите на веб-страницата и за обработката на лични податоци.
ЦЕЛИ ЗА ОБРАБОТКА, ОБЕМ И НАЧИНИ НА СПРОВЕДУВАЊЕ
Предмет на оваа обработка се податоци за посетителите/корисниците на веб страницата (во понатамошниот текст “субјектот на личните податоци“).
Сите податоци за субјектите на личните податоци грижливо се чувани со цел да се спречи губење, уништување, фалсификување или неавторизиран пристап.
Сите вработени во КОНТРОЛОРОТ имаат обврска за почитување на доверливоста на податоците на субјектите на личните податоци, како и се обврзани да спроведуваат активности со претпазливост кон задржувањето на доверливоста на вашите податоци и да ги спроведуваат мерките за нивна заштита.
За таа цел, контролорот има интегрирано целосна политика на работа и обезбедено технички и оперативни услови за заштита на личните податоци.
Сите собрани податоци се обработуваат согласно законската регулатива за заштита на лични податоци во мера која е потребна и доволна исклучиво за остварување на целите на обработката на податоците, водејќи сметка за приватноста на субјектите на личните податоци,
При спроведување на процесите на обработка на личните податоци се преземаат потребните технички и организациски мерки со цел обезбедување на потребното ниво на безбедност на податоците, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.
Податоците и личните податоци не се споделуваат со трети лица, освен кога за тоа постои законска обврска и законски основ, како што е определено согласно со важечките прописи за заштита на личните податоци.
Веб страницата не е наменета за лица под 18 години и КОНТРОЛОРОТ нема за цел да прибира и обработува лични податоци за тие лица. Во случај лице под 18 години да ги доставило своите лични податоци без согласност од родител или старател треба во најскоро време да биде известен Офицерот за заштита на лични податоци на КОНТРОЛОРОТ.
Податоците за контакт на одговорното лице се наведени на крајот на Политиката за приватност.
КОРИСТЕЊЕ НА “КОЛАЧИЊА“ („COOKIES“)
КОНТРОЛОРОТ користи колачиња кои не го откриваат идентитетот на субјектот, односно контролорот собира, анализира и обработува податоци во врска со страниците кон кои посетителите пристапуваат. Овие податоци се АНОНИМНИ и единствено се однесуваат на собирање податоци во врска со IP адресата која пристапува, типот на уредот, типот на пребарувачот и страницата кон која е пристапено во дадено време.
Добиените податоци се користат со цел подобрување на понудата, подобрување на изгледот и функционалноста на веб-страницата и овозможување на посетителите лесно, едноставно и безбедно користење на веб-страницата.
Односно, веб страницата користи “колачиња“ („cookies“) со цел да овозможи на субјектите на личните податоци прилагодување на користењето на интернетот на своите потреби. “Колачињата“ („cookies“) претставуваат текстуален фајл кој се пренесува на компјутерот на корисникот од страна на мрежниот сервер. Важно е корисникот да биде свесен дека “колачињата“ („cookies“) не можат да се користат за цели како: да стартуваат компјутерски програм програм, да влијаат на стартување или прекинување на работењето на системот и да пренесат вирус до компјутерот на корисникот.
Овие фајлови може да бидат прочитани исклучиво од страна на мрежниот сервер во доменот кој Ви ги пратил. Една од основните намени на “Колачињата“ („cookies“) е да Ви обезбеди погодности кои ќе Ви заштедат време.
За целосно запознавање со начинот на работа, потребата и вредноста на “Колачињата“ („cookies“) погледете ја нашата „ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА“.
ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ
За целите на директен маркетинг се собираат лични податоци кои се обработуваат преку веб-страницата и се собрани исклучиво по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат. Субјектите на личните податоци во секој момент имаат можност да ја повлечат дадената согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг.
Овие податоци се даваат од страна на субјектот на личните податоци на контролорот на лични податоци преку пополнување на формулар достапен на страницата на контролорот, со што субјектот на лични податоци прифаќа да добива промотивни материјали и известувања преку каналите за известување за кои оставил информации.
Во случај на дополнителни прашања од оваа област, обратете се до Офицерот за заштита на лични податоци на КОНТРОЛОРОТ. Контакт податоците се наведени на крајот на политиката за приватност.
Со цел подобро запознавање со Политиката за користење на личните податоци за цели на директен маркетинг посетете ја посебната „ПОЛИТИКА ЗА ДИРЕКТЕН МАРКЕТИНГ“.
Податоците собрани преку веб-страницата се чуваат онолку време колку што е потребно за исполнување на целите поради кои и се обработуваат, а личните податоци кои се своеволно дадени од страна на субјектот на лични податоци за цели на директен маркетинг се чуваат додека не бидат повлечени од страна на субјектот на личните податоци.
ПРАВА НА КОРИСНИЦИТЕ (СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ)
Субјектите на личните податоци имаат право да бидат соодветно информирани за обработката на нивните лични податоци. Во случај субјектот на личните податоци да има потреба од информации надвор од наведените, може да побара дополнително појаснување од Офицерот за заштита на лични податоци од компанијата (податоците на Офицерот се наведени на крајот на Политиката за приватност), како и има право да побара пристап, исправка или бришење на личните податоци или ограничување на обработката.
Субјектот на личните податоци има право да добие потврда од контролорот дали се обработуваат негови лични податоци или лични податоци за него и доколку се обработуваат, да добие пристап до личните податоци и до следните информации:
- За целите и правната основа на обработка на личните податоци и корисниците или категориите на корисниците на кои им се откриваат личните податоци;
- За личните податоци во врска со субјектот на личните податоци и изворот на податоците;
- За логиката на автоматската обработка, која има влијание врз субјектот на личните податоци.
Контролорот е должен да му одговори на субјектот на личните податоци во рок од 15 (петнаесет) дена од денот на приемот на барањето.
Кога контролорот одговорил на барањето на субјектот на личните податоци за увид во неговите лични податоци, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање на овој субјект, ако во меѓу време нема промени во личните податоци, освен ако изминале 6 (шест) месеци од денот на приемот на претходното барање до новото барање.
По барањето на субјектот на личните податоци, контролорот е должен да ги дополни, измени, избрише или да го сопре користењето на личните податоци, ако податоците се нецелосни, неточни или неажурирани и доколку нивната обработка не е во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци.
Во случај кога контролорот утврди дека личните податоци се нецелосни, неточни или неажурирани, должен е истите да ги дополни, измени или избрише, независно од тоа дали субјектот на личните податоци има поднесено барање за дополнување или изменување на личните податоци.
Имајќи ја предвид комплексноста на работата и при постоење на голем број барања, КОНТРОЛОРОТ го задржува законското право (Закон за заштита на лични податоци член 16, став 3) да го продолжи рокот за 2 месеци, при што на секое продолжување од 30 дена ќе го информира барателот за тоа.
Доколку КОНТРОЛОРОТ не постапува согласно барањето, субјектот на лични податоци има право случајот да го пријави во Агенцијата за заштита на лични податоци.
Според Закон за заштита на лични податоци член 16, став 5, ова барање се процесира без никаков надоместок. Во случај кога барањата од субјектот на личните податоци се очигледно неосновани или прекумерни, особено во однос на нивниот повторувачки карактер, контролорот може да:
- наплати надоместок имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или комуникацијата или постапувањето по барањето;
- одбие да постапи по барањето.
КОНТРОЛОРОТ е должен да обезбеди копија од личните податоци што се обработуваат на субјектот на лични податоци, по негово барање. Ако субјектот на личните податоци поднесе барање по електронски пат, на субјектот на личните податоци информациите ќе му бидат обезбедени на вообичаен начин кој се користи во случај на електронска форма, освен ако субјектот на личните податоци не побарал поинаку.
За сите барања може да се користи прикачениот документ „БАРАЊЕ ЗА ПРИСТАП И ИСПРАВКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ“ кој пополнет се испраќа до info@inteko.mk со назнака „ДО ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“.
ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ ВО ДРУГИ ЗЕМЈИ
Поради избор на соодветен хостинг обезбедувач за дејноста која компанијата ја врши преку оваа веб страница е избран македонски застапник на странски хостинг обезбедувач (германски хостинг обезбедувач (ЕУ), кој работи во согласност со законските норми за заштита на лични податоци и има преземено соодветни технички и организациски мерки).
За преносот на податоци е доставен документ „Пријава за пренос на лични податоци во држава членка на ЕУ или ЕКП согласно член 48 став (3) од Законот за заштита на лични податоци“ до Агенцијата за заштита на лични податоци.
СОГЛАСНОСТ И ПРОМЕНА НА УСЛОВИТЕ
Користењето на услугите кој ги нуди оваа веб-страница подразбира согласност на субјектот на личните податоци со сите претходно наведените услови за користење.
КОНТРОЛОРОТ има право да ги промени условите, но промената станува важечка по објавувањето на оваа веб страница.
КОНТАКТ
Сите прашања и барања во врска со обработката на личните податоци кои се однесуваат на веб-страницата, а во врска со објавената Политика на приватност, субјектите на личните податоци се охрабруваат да ги упатат до Офицерот за заштита на лични податоци.
Офицер за Заштита на Лични Податоци:
Контакт за прашања поврзани со Заштита на Лични Податоци: info@inteko.mk со назнака „ДО ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“